Тимот на Арсенал заврши голема работа откако потпиша нов долгогодишен договор со своето дете, а сега стандарден првотимец, Букајо Сака.
Според новиот дил, кој Сака го потпиша, тој ќе заработува по 200.000 фунти неделно и ќе стане најплатениот играч на клубот. Договорот е со трајност до 2027 година.
„Навистина сум среќен. Ова е вистинскиот клуб за мене и сакам да продолжувам да напредувам во кариерата. Тука во Арсенал имам се што е потребно за да станам уште подобар“, – изјави 21. годишниот фудбалер.