Манчестер Јунајтед летово би можел да направи сензационален трансфер. Ако им веруваме на новинарите на француски „Л’Екип“, Јунајтед е во преговори со ПСЖ за потписот на бразилската ѕвезда Нејмар, кој би можел да ја напушти француската престолнина на крајот од сезоната.
Според медиумите, неколку клубови од Премиер лигата се заинтересирани за Нејмар, но преговорите со Јунајтед засега се во напредна фаза.
Јунајтед наводно бил најзаинтересиран за првична позајмица, додека ПСЖ повеќе би сакал трајно да го продаде 31-годишниот Нејмар. Англискиот гигант веќе го има во составот сонародникот на Нејмар, Касемиро, а се вели дека играчот од средниот ред притиска да го види Нејмар на „Олд Трафорд“.