На разделбата со сезоната, Чаир 2030 беше подобар од Акдемија ФМП со 95-82. Двете екипи го завршуваат плеј-аут сегментот со ефект (9-3), но генерално гледано, чаирчани имаат подобар меѓусебен скор и крајот на сезоната го дочекуваат како првопласирани во лигата за опстанок.
Рамноправно се играше во првата половина од овој последен натпревар зња двете екипи во оваа натпреварувачка сезона. Ниту една од нив не реализира некоја повисока разлика во првите 20. минути, во кои, сепак, Навико Академија имаше плус од три поени (42-39).
Пресвртот се случи во третата четвртина, во која гостите од Чаир одиграа и најефикасно, ја добија со 28-17, доволно за пресврт и промена на резултатот (67-59).
Кога веќе се стекнаа со така солидно водство, кошаркарите на тренерот Ерхан Рамадан, не дозволија да го загубат. По 18 имаа Реџа и Тачи, два помалку постигнаа Синани и Џеладини, додека по десет додадоа Рушити и Чучковиќ во редовите на победничкиот тим.
Кај Навико Академија ФМП, Настовски потигна 19, а Велески уште 11. поени.
Утре вечер (19.30), својот последен меч како прволигаши го играат екипите на Струмица 2022 и Куманово 2009.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-АУТ
РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 6. КОЛО
Навико Академија ФМП – Чаир 2030 82:95
24. МАЈ (СРЕДА)
19.30: Струмица 2022 – Куманово 2009
ТАБЕЛА: Чаир 2030 (9-3), Навико Академија ФМП (9-3), Куманово 2009 (3-8), Струмица 2022 (2-9)