Инзаги: Се надевам дека ќе ја продолжиме мојата традиција во финалето, воопшто не се плашиме

99

Денеска со почеток од 21:00 часот на стадионот Олимпико во Рим се игра фиалето од купот на Италија во кое ќе се сретнат екипите на Фиорентина и Интер.

Очекувањата се големи, особено за Интер кој има шанса сезонава да ја направи една од најтрофејните во историјата, во која покрај тоа што е дел од ова финале ќе се обиде и во финалето од Лигата на Шампионите да го совлада тимот на Манчестер Сити.

Тренерот на Интер , Симоне Инзаги ги сподели своите очекувања за претстојното финале надевајќи се дека ќе ја задржи својата репутација на специјалист за вакви финални мечеви. 

„Сум учествувал во неколку финалиња, каде некогаш бевме фаворити, а во други случаи аутсајдери. Се соочуваме со тим кој е во одлична форма. Тие загубија само четири од последните 24 натпревари. Знаеме што не чека, двата тима се сретнале многу пати низ годините. Тие се тим со апсолутна вредност и натпреварот ќе биде широко отворен. Ќе мора да бидеме екипа со големо „Е“ која добро ги контролира важните моменти во натпреварот и ги насочува во вистинската насока. Да се ​​надеваме дека мојата репутација како специјалист во финалето ќе продолжи, бидејќи ни претстојат две од нив. Ме радува овој факт и се надевам дека традицијата ќе продолжи, но морам да им се заблагодарам на моите играчи. Собрав тим кој помина низ толку многу, вклучително и моменти кои сите ги паметиме“ – рече Инзаги па додаде.

„Направивме толку многу во последните два месеци и финалето на Копа Италија е сосема заслужено. Ни недостига уште мал чекор и во првенството. Од друга страна, финалето во ЛШ е неочекувано за многумина, но ние секогаш имавме верба. Мора да бидете позитивни во размислувањето од типот натпревар по натпревар. За нас сите мечеви се важни. Имам среќа да водам тим кој стигна до големото финале. Го играме нашиот шеснаести натпревар во 63 дена. Малку ми е жал бидејќи посакував со нас да бидат и Мхитарјан и Шкриниар бидејќи ми се многу важни, но неизбежно е да имаме повредени играчи“ – рече Инзаги.

ПретходноРуд Ван Нистелрој и официјално не е повеќе тренер на ПСВ
СледноСкандал во Израел: За време на финалето во Купот фанови влетаа на терен, направија хаос, ги украдоа и медалите!(ФОТО+ВИДЕО)