Кугларите со победа се простија од настапите на СП во Вараждин

100

Со убедлива победа од 8:0 против Данска, македонските куглари го освоија третото место во „Б“ групата на Светското првенство во Вараждин 2023, што не е доволно за продолжување во наредната фаза. Во првите две кола нашите куглари беа поразени од фаворитите Чешка и Србија, кои патем, ги освоија првите две места во групата.

Во првото коло Чешка беше подобра од Македонија со 6:2, додека во дуелот со Србија одигравме подобро и бевме минимално поразени со 5:3.

Младен Донковски имаше извонреден поединечен настап на последните два меча со Србија и Данска. Во дуелот со Србија, нашиот најдобар куглар собори 694 дрва, додека во натпреварот со Данска, 653 дрва.

Дамите претрпеа три убедливи порази во групата. Во првото коло со 8:0 загубивме од Германија, а со истиот резултат не совлада и Франција. Единствениот бод го освоивме на дуелот со Австрија каде загубивме со 7:1

ПретходноКумановци имале собраќајна незгода, дуелот со Струмица ќе се одигра утре
СледноНаполи во преговори со Луис Енрике, тој е првиот пик на Де Лаурентис!