Последниот меч од плеј-аутот во домашното кошаркарско првенство меѓу Струмица и Куманово ќе се одигра утре. Иако требаше да се одигра вечерва, поради сообраќајна незгода на гостинскиот тим, истиот е пролонгиран за еден ден.
Комбето со кое кумановци патувале на мечот имало проблем со едната гума која пукнала при удар во банкината. За среќа се минало без последици.
Според последните информации мечот утре ќе се одигра од 16:30 часот.