Лаутаро-шоу: Интер го одбрани куп-трофејот во Италија (ВИДЕО)

367

Втора година едноподруго и вкупно деветтипат, екипата на Интер го освои фудбалскиот куп на Италија. Вечерва во финалето одиграно на „Олимпико„ во Рим, „нероаѕурите“ со пресврт стигнаа до победа од 2:1 над екипата на Фиорентина и го освоија посакуваниот трофеј пред уште едно големо финале кое ги очекува, она во Лигата на шампионите кое за нив ќе биде круна на сезоната.

Фиорентина тргна одлично во натпреварот и Гонзалес по само 3 минути успеа да ги донесе „виолетовите“ во водство од 1:0. Интер веднаш се потруди да одговори со иста мера, притисна и успеа веќе во 29. минута да дојде до егал – 1:1.

Лаутаро Мартинез по асистенција на Брозовиќ погоди во небранетиот дел од мрежата на Фиорентина за израмнување. Налетот на момците на Инзаги продолжи, па само 8 минути подоцна, Лаутаро и вторпат ја затресе мрежата на Фиорентина и донесе комплетен пресврт за 1:2.

Иако во вториот дел Фиорентина тргна со сите сили и имаше најмалку три одлични шанси за израмнување, Интер успеа да ја задржи предноста и да го одбрани куп-трофејот кој го освои и минатата година. Фиорентина остана без можноста по седмипат да го крене куп-пехарот.

ПретходноШведски тенисер “збесна“, почна да крши се околу себе па веднаш беше дисквалификуван! (ВИДЕО)
СледноНавивачите на Севиља ќе го бојкотираат мечот со Реал (М)