Македонија ја почнува својата авантура на ЕП во ракомет на песок!

131

Македонската женска репрезентација во ракомет на плажа веќе е во Португалија, во Назаре, каде денеска го игра првиот меч на ЕП во ракомет на песок.

Прв противник на избраничките на селекторот Златко Мојсоски е Украина, мечот ќе започне во 11 часот. По пауза од неколку часа е закажана и втората средба, Македонија ќе се сретне со Холандија (15 часот). Последниот натпревар од групната фаза ракометарките го играат утре, ќе се сретнат со домаќинот Португалија.

Нашата репрезентација е една од најнеискусните кога станува збор за ракомет на песок, но сите во тимот веруваат дека достојно ќе ги одиграат сите мечеви.

„Ајде да сонуваме, сакам да сонувам бидејќи никој не знае што ќе се случи на турнирот. Одиме целосно мотивирани и подготвени да се натпреваруваме во Португалија. Исто така, не одиме со наведнати глави и се додека играме со гордост. Наша цел е да собереме искуство. Не ми е гајле дали ќе победиме или ќе изгубиме, затоа што тогаш можеме да ги искористиме тие лекции за да се развиваме понатаму и да победиме во иднина“, рече Ања Алтхаус која е помошник на Мојсоски.

ПретходноРеал Мадрид го пикира голманот на Динамо!
СледноL’Equipe: Мбапе нема да ја искористи можноста да го продолжи договорот!