Нова голема промена се најавува во Челзи

434

Претседателот на Челзи, Том Глик е подготвен да си замине од клубот по само десет месеци минати во таборот на „Сините“. 

Глик , кој пристигна од Манчестер Сити , каде што беше главен комерцијален и оперативен директор, му се приклучи на тимот од Лондон во јули 2022 година. Новите сопственици на Челзи го поставија на чело на глобалната комерцијална стратегија на клубот, но тој сега би можел да замине за помалку од една година поради доаѓањето на Крис Јирачек, кој се очекува да стане извршен директор. 

Самиот Тод Боели сопственикот на Челзи, продолжува во желбата за сериозни структурни промени во менаџерскиот тим на клубот, надевајќи се на овој начин да ја ублажи кризата во тимот. Челзи потроши речиси 600 милиони фунти за нови играчи во последните два преодни рока, но и покрај оваа инвестиција, сините ја имаат една од најлошите сезони и се само 12. на табелата со само 43 бода и очајна гол разлика.

ПретходноМихаљевиќ потпиша нов договор со Тинекс Пролет
СледноРуд Ван Нистелрој и официјално не е повеќе тренер на ПСВ