Виктор Осимен денеска престојува во Берлин. Вест која многу брзо се прошири посебно во Германија и Италија. Имено познато е дека Нигериецот по се изгледа дека во летниот преоден рок ќе го напушти шампионот Наполи и дека ќе профати некоја од понудите на речиси сите европски гигатни, кои му нудат двојно па и тројно поголема плата од она што тој сега го зема во Наполи.
Интересно е што во изминатите неколку денови наголемо се шпекулираше дека Баерн Минхен е најблиску до неговиот потпис, а уште поинтересно е што денеска пред хотелот „Адлон“ во Берлин, папараците го „уловија“ напаѓачот на Наполи.
Што ли бара Осимен во Берли? Освен ако не е на преговори со луѓето од Баерн Минхен.