Реал Мадрид го победи Рајо Ваљекано на нашиот Столе Димитриевски со 2:1 (1:0) во 36. коло од Ла Лига и со тоа ги „закопа“ надежите на тимот од мадридското предградие за пласман во европските купови.
Реал не му дозволи на Столе и неговите соиграчи да се надеваат на голем успех, затоа што во најголемиот дел од мечот ги имаа работите под контрола.
Во 31. минута Карим Бензема му донесе водство на својот тим кое беше одржувано се до финишот, кога со голот на Раул де Томас во 79. Минута, Рајо успеа да израмни на 1:1.
Само неколку минути подоцна, Родриго со соло акција го реши прашањето на победникот. Натпреварот го одбележа потегот на играчите на Реал кои на теренот на својот стадион излегоа облечени во дресовите на Винисиус Јуниор, кој во претходното коло повторно беше мета на расистички напади од трибините.
Фудбалерите на Виљареал ја продолжија добрата форма откако на домашен терен го совладаа Кадиз со 2:0. Избраниците на Кике Сетиен го забележаа петтиот триумф во последните шест натпревари и ја продолжија низата без пораз на седум натпревари.
Во последниот дуел во овој вечерен термин, Елче и Севиља ремизираа 1:1.