Нашиот атлетичар Андреас Трајковски, го подобри нацаионалниот рекорд во скок во далечина. Трајковски на митингот во Калитеа (Грција) успеа да прескокне 7.79 метри и тоа во третата серија. Скок кој е рекорден кога станува збор за македонската атлетика. Досегашниот рекорд изнесуваше 7.60 метри, исто така во сопственост на Трајковски поставен минатата година.
Овој скок од 7.79 метри беше доволен за четвртото место на митингот во Калитеа за нашиот Трајковски.