Федерер се огласи за можноста да се врати на Вимблдон во една поинаква улога!

266

Роџер Федерер се повлече од тенисот, но се појавија информации за неговиот нов ангажман надвор од теренот.

Имаше гласини дека Швајцарецот би можел да биде дел од коментаторскиот тим на Би-Би-Си за време на лондонскиот Грен слем. Тие приказни кружеа со месеци, додека самиот Роџер не одговори на директно прашање на Твитер.

Еден од фановите го праша за неговото деби како коментатор.

„Дали планирате да коментирате на ТВ? На пример, да се приклучите на Би-Би-Си за време на Вимблдон итн?“, стои во твитот на кој Федерер одговара:

„Не планирам да коментирам оваа година!“.

Само затоа што тој не коментира оваа година, не значи дека во блиска иднина нема да управува со микрофонот и да седи во кабината. Секако, ваков тениски блок би бил најсоодветен за таа позиција.

ПретходноРакометарките тргнаа со пораз во Португалија
СледноМихаљевиќ потпиша нов договор со Тинекс Пролет