Одземањето бодови на Јувентус во Серија А и отсуството на овој клуб од следното издание на Лигата на шампионите е добра вест за Арсенал во пресрет на ждрепката за групната фаза.
Англискиот тим и новиот вицешампион на Премиер-лигата поради ваквиот расплет во Италија наместо во третиот ќе се најде во вториот шешир.
Да потсетиме, на Јувентус му беа одземени десет бода во Серија А, од второто место на табелата падна на седмото, па на две кола пред крајот на сезоната е на пет бодови од четвртопласираниот Милан, кој сега ја држи последната позиција која води во Лигата на шампиони.
На Јувентус му треба вистинско чудо за следната сезона да игра во елитното европско натпреварување.
Доколку Јувентус не успее, а тоа е повеќе од сигурно, Арсенал ќе профитира врз основа на листата на коефициенти на УЕФА и ждрепката за групната фаза ќе ја стартува од вториот шешир.