Бразилскиот фудбалер Винисиус Жуниор веќе два дена е во центарот на вниманието на фудбалската јавност поради скандалот кој се случи на натпреварот помеѓу неговиот Реал Мадрид и Валенсија. Голем број навивачи на „Месталја“ расистички го навредуваа Винисиус, па поради тоа Бразилецот во последните моменти од мечот ги загуби нервите и удри еден од противничките играчи, за што доби црвен картон. .
Тој беше бесен од расизмот кој „тлее“ во Шпанија и побара итна реакција од тамошната федерација, која на крајот донесе неочекувана одлука. Практично е преседан бидејќи решија да го поништат црвениот картон, иако за тоа нема основа во правилата на фудбалската игра.
Сепак, во Шпанија многу добро знаат дека тука не можат туку така да ги следат правилата, знаат и дека привлекоа негативно внимание за само 48 часа и дека Винисиус е подготвен да го напушти Реал Мадрид, а грдото однесување на Валенсија, која се обиде да го стави под тепих, на крајот е казнето со суспензија од пет натпревари без навивачи. Сите се надеваат дека тоа ќе ги разуми расистите кои го навредуваа Бразилецот.