Гвардиола за проблемите на Сити: Би сакала Премиер-лига да донесе одлука што поскоро!

1104

Манчестер Сити вечерва од 21 часот гостува кај Брајтон во заостанат меч од 32.коло во Премиер-лигата. Сити ја потврди титулата во лигата, а Брајтон се бори за влез во Лига Европа, иако обезбеди пласман во Конференциската лига. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола пред натпреварот зборуваше и за неговата иднина.

„Останувам во Манчестер Сити следната сезона. Не размислувам да го напуштам клубот. Останувам и со 100 прекршоци против нас во Премиер-лигата. Не грижете се, ние ќе бидеме таму. Она што би сакал е Премиер-лигата или судиите да донесат одлука што е можно поскоро. Затоа што ако направивме нешто погрешно, сите ќе знаат“, рече Шпанецот и заврши:

„Како што веруваме дека долги години сме постапувале на вистински начин, луѓето можеби ќе престанат да зборуваат за тоа“, рече Гвардиола, алудирајќи на можните финансиски проблеми на Сити во претходните сезони, поради кои клубот можеше да биде казнет.
ПретходноРоналдо по победата: Саудиската лига ќе биде меѓу петте најдобри во светот!
СледноРеал Мадрид го пикира голманот на Динамо!