Попладнево нашата женска ракометна селекција на ЕП на плажа кое се одржува во Португалија, го доживеа и вториот пораз. По Украина, нашата селекција загуби и од Холандија и тоа со 2:0 во сетови или 28:12 и 25:10.
Кај нашата репрезентација Диневска забележа десет поени, а Божиновска пак четири.
Противник на следниот меч нашата репрезентација на ова ЕП ќе биде селекцијата на Португалија, домаќин наовој шампионат.