Кумановци имале собраќајна незгода, дуелот со Струмица ќе се одигра утре

261

Последниот меч од плеј-аутот во домашното кошаркарско првенство меѓу Струмица и Куманово ќе се одигра утре. Иако требаше да се одигра вечерва, поради сообраќајна незгода на гостинскиот тим, истиот е пролонгиран за еден ден.

Комбето со кое кумановци патувале на мечот имало проблем со едната гума која пукнала при удар во банкината. За среќа се минало без последици.

Според последните информации мечот утре ќе се одигра од 16:30 часот.

ПретходноАлесандро Неста: Ма каков Меси, каков Кристијано, поради тој човек, кој беше ФЕНОМЕН, плачев во соблекувалната! (ВИДЕО)
СледноКугларите со победа се простија од настапите на СП во Вараждин