ЛШ – квалификации: Желбата на Струга ТЛ се вика – Флора Талин или ТНС!

1807

По освојувањето на својата прва, историска титула, заврши славењето во таборот на Струга ТЛ. Играчите се на одмор кој ќе трае до 5 јуни. Сепак сите во клубот се прекупирани со 20 јуни и ждрепката во Нион за 1.квалификациско коло во ЛШ. Познато е дека стружани се во групата на неносители па затоа би можеле да добијат и тоа како силен ривал, од типот на Галатасарај, Фенербахче (Турција), Шериф (Молдавија), Бате Борисов (Белорусија), Макаби Хаифа (Израел), Лудогорец или ЦСКА Софија (Бугарија), Карабах (Азербејџан), Ференцварош (Унгарија) се екипите кои ќе биде пеколно тешко да се минат.

Сепак има и такви, а желбата на стружани е Флора Талин (Естонија) или ТНС (Велс), кои онака на прв поглед се најслаби во оваа конкуренција и Струга ТЛ тука си ја гледа својата шанса.

Инаку мечеви од ова прво квалификациско коло се играат на 11/12 и 18/19 јули.

А ова се сите можни ривали на нашиот шампион во 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите.

May be an image of map and text that says 'Seeded Unseeded Fenerbahçe or Galatasaray Ferencváros Qarabağ Slovan Bratislava Sheriff Tiraspol BATE Borisov Astana Maccabi Haifa CSKA Sofia or Ludogorets Razgrad Zalgiris HJK Flora Shamrock Rovers The New Saints Olimpija Ljubljana Zrinjski Mostar +++ * Dinamo Tbilisi Lincoin Red Imps KÍ Raków CzÄstochowa Aris Limassol BK Häcken Farul Constanța Tirana or Partizani Valmiera Ballkani Larne Hamrun Spartans Swift Hesperange Struga Champions of the 2022-2 Armenian Premier League Winner of the preliminary round finailt)'

Да се мине првото коло е многу важно, зошто тогаш, исто како и лани Шкупи, најмалку е загарантиран плеј – офот во Лигата на Конференции. Позната е шемата веќе. Во случај на минување на првото квалификациско коло во ЛШ, Струга ТЛ ќе игра во втората рунда, и ако биде елиминирана во втората фаза тогаш ќе го продолжи својот настап во 3.квалификациско коло во ЛЕ. Ако и тука биде елиминирана тогаш ќе игра во плеј – офот во ЛК.

Во случај на елиминација на стартот во квалификациите во ЛШ, тогаш Струга ТЛ ќе се најде во 2.квалификациско коло во ЛК.

Од ова произлегува дека Струга ТЛ ова лето ќе одигра најмалку четири европски мечеви а ќе заработи притоа најмалку еден милион евра.

Во случај да го мине 1.квалификациско коло во ЛШ тогаш ќе одигра најмалку шест евро натпревари а и заработката ќе биде повеќе од еден милион евра од УЕФА.

Токму затоа важно е Струга ТЛ да добие ривал како Флора Талин или ТНС, против кои сепак шансите се нешто поголеми отколку за ривал да добие тим од Турција, Унгарија, Израел…

ПретходноПирло доби отказ!
СледноМејсон Маунт е во плановите на Манчестер Јунајтед