Манчини подготвува големо изненадување пред септемврискиот дуел со Македонија во Скопје!

406

Селекцијата на Италија во јунскиот квалификациски циклус нема натпревари за играње во нашата група – Ц за пласман на ЕВРО 2024, но затоа на 9 септември гостува во Скопје каде Италија ќе и гостува на Македонија. Во јуни “аѕурите“ ќе играат меч со Шпанија во рамките на ЛН.

Инаку денеска во тамошните медиуми се шпекулира дека селекторот на Италија, Роберто Манчини подготвувл големо изненадување во својот состав.

Имено тој имал намера да го повика Бразилецот Лукас Питон, дефанзивецот на Васко де Гама, кој пред неколку месец направи трансфер од Коринтијас.

Питон има само 22 години, важи за еден од најдобрите стопери во Бразил и со оглед на тоа дека има италијанско потекло нема никаков проблем да ја прифати понудата на Манчини и да заигра за Италија.

ПретходноМејсон Маунт е во плановите на Манчестер Јунајтед
СледноТрајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина! (ВИДЕО)