Мејсон Маунт е во плановите на Манчестер Јунајтед

247

Тимот на Манчестер Јунајтед летово е подготвен да тргне во голема битка, која што секако нема да чини малку и да го доведе во своите редови досегашниот член на тимот на Челзи и репрезентативец на Англија, Мејсон Маунт.

Маунт ги пропушти последните недели од сезоната поради повреда, е главната цел на менаџерот на Јунајтед Ерик тен Хег на почетокот на летниот преоден рок е што побргу да го заврши договорот со офанзивецот.

Маунт влегува во последната година од договорот со Челзи, а неговата иднина е се понејасна, бидејќи засега нема договор меѓу него и клубот. Сепак, Манчестер Јунајтед ќе мора да се бори за потписот на Маунт со Арсенал и Ливерпул кои исто така се заинтересирани за него, додека од сенка своја шанса гледа и Баерн Минхен.

ПретходноЛШ – квалификации: Желбата на Струга ТЛ се вика – Флора Талин или ТНС!
СледноМанчини подготвува големо изненадување пред септемврискиот дуел со Македонија во Скопје!