Михаљевиќ потпиша нов договор со Тинекс Пролет

140

Тинекс Пролет го задржува во своите редови Данило Михаљевиќ, откако квалитетниот голман се договори за продолжување на соработката со клубот од Скопје. Михаљевиќ дојде во Тинекс Пролет минатото лето и целосно ги исполни очекувањата на управата и на стручниот штаб, со своите настапи давајќи значаен придонес за одличните резултати во првиот дел од натпреварувањето.

Оттаму и желбата на двете страни за оваа успешна соработка да продолжи, што резултираше со потпис на новиот договор.

„Презадоволни сме од сето она што Данило го покажа на голот на Тинекс Пролет од моментот на неговото доаѓање па се до ден денеска. Тој е вистински професионалец, играч што е тука за тимот и за соиграчите и презадоволни сме што останува во Пролет уште најмалку една година“, изјави директорот на Тинекс Пролет, Сашо Огњеновски.

Потписот на голманот е само потврда за високите амбиции на клубот за наредната сезона.

„Нема дилема дека повторно ќе атакуваме на висок пласман, цел ни е најпрвин да влеземе во плејофот, а потоа и да се бориме за место во Европа. Младите играчи кои добија шанса изминатите месеци ќе бидат поискусни, речиси сите првотимци ќе останат, а во преговори сме за доведување на две до три квалитетни засилувања“, порачува Огњеновски.

ПретходноФедерер се огласи за можноста да се врати на Вимблдон во една поинаква улога!
СледноНова голема промена се најавува во Челзи