Наполи во преговори со Луис Енрике, тој е првиот пик на Де Лаурентис!

124

Може да разговараме на сите теми за кои сакате, но не ме прашувајте за Лучано Спалети“- ова денеска го кажал Аурелио Де Лаурентис на средбата со новинарите. Се чини дека со ова и стави крај на соработката со тренерот кој по цели 33 години го донесе „скудетото“ во градот под Везув.

Инаку попладнево во Италија се шпекулира дека прв пик на првиот човек на Наполи за наследник на Спалети, бил Луис Енрике. Имало и почетни преговори со Де Лаурентис кој на шпанскиот стратег му понудил 4 милиони евра годишна плата.

Сепак се чини дека тоа е премалку ако се знае дека Луис Енрике при преговорите со Челзи побарал најмалку 10 милиони евра.

Покрај екс селекторот на Шпанија, Де Лаурентис преговарал уште со петтмина тренери за евентуален наследник на Спалети.

Се разбира дека и Елиф Елмас, нашиот Дијамант, како член на Наполи сака што побргу да го дознае името на тренерот со кого ќе соработува следната сезона.

ПретходноКугларите со победа се простија од настапите на СП во Вараждин
СледноРакометарите на Војводина по 11. пат се шампиони на Србија