Ракометарите на Војводина по 11. пат се шампиони на Србија

186

Војводина го победи Партизан со 28:20 (9:9) и на тој начин ја оствари својата втора победа во финалната серија и ја освои 10-тата последователна титула ракометен шампион на Србија!

За разлика од првиот натпревар, овој пат немаше инциденти и беше забележана одлична претстава. Натпреварот во најголем дел беше неизвесен и ниту една од двете екипи не стекна значајна предност до самиот крај, кога Војводина најпрвин водеше со два, а потоа и со четири гола, 22:18. После тоа Партизан застана, па новосадските играчи лесно постигнуваа голови и на крајот убедливо победија.

Најефикасен кај Војводина беше Марко Васиќ со шест гола. Ова е вкупно 11-та титула за ракометарите на Војводина, кои сега ги чека финалето од Купот на ЕХФ против норвешкиот Нербо, како и финалето од Купот на Србија против Динамо од Панчево.

ПретходноНаполи во преговори со Луис Енрике, тој е првиот пик на Де Лаурентис!
СледноРеал не им дозволи на Столе и Рајо да останат во игра за Европа (ВИДЕО)