Реал Мадрид го пикира голманот на Динамо!

233

Доминик Ливаковиќ летово би можел да го напушти Динамо и да се пресели во тимот на Реал Мадрид. Порталот Defensa Central, кој ексклузивно ги следи случувањата околу мадридскиот клуб пишува дека Ливаковиќ е прва опција за резервен голман.

Реал наводно е подготвен да плати од пет до шест милиони евра за резервниот голман и смета дека не би требало да има премногу проблеми во преговорите околу трансферот на Ливаковиќ. Голманот на хрватската репрезентација има клаузула во договорот според која може да си замине доколку дојде соодветна понуда, но се верува дека оваа клаузула е нешто повисока, односно дека е во висина од 10 милиони евра.

Мадриѓаните бараат резервен голман бидејќи Украинецот Андреј Лунин кој досега ја извршуваше таа функција е пред заминување од клубот. Исто така во реал Реал не се најзадоволни од неговите настапи.

Од Defensa Central додаваат дека клучна фигура во целата приказна е Лука Модриќ, кој е во блиски односи со Ливаковиќ и го препорачал на челниците на Реал.

ПретходноГвардиола за проблемите на Сити: Би сакала Премиер-лига да донесе одлука што поскоро!
СледноМакедонија ја почнува својата авантура на ЕП во ракомет на песок!