И дефинитивно на сите во Реал Мадрид им е јасно дека левата бековска позиција е најболната точка во тимот. Токму затоа Флорентино Перез, барем според медиумите во Шпанија и Англија, има намера да му понуди 40 милиони фунти на Ливерпул со цел да го доведе во Мадрид Енди Робертсон. Шкотскиот репрезентативец е еден од клучните играчи на „Редси“, па затоа прашање е дали е можен овој трансфер на еден од најдобрите леви беков во светот на фудбалот од „Енфилд“ на „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид го бара, но сега Ливерпул и самиот Робертсон се на потег.