Скандал во Израел: За време на финалето во Купот фанови влетаа на терен, направија хаос, ги украдоа и медалите!(ФОТО+ВИДЕО)

406

Не е тајна дека Израел важи за една од најсредените држави во светот, ако не и прва во тој поглед. Граѓаните и тоа како си ја сакаатс војата држава па редот и поредокот е на највисоко ниво.

Сепак и таму некои работи се менуваат, посебно кога станува збор за фудбалските фанови.

Ете вчера на стадионот во Хаифа се случи невиден скандал за време на финалето во Купот на Израел.

Имено непосредно шо завршување на мечот, во кој Беитар со 3:0 го победи Макаби Нетанија, илјадници фанови на победничкиот тим влетаа на терен, направи хаос, ги украдоа и медалите, го уништија и едниот гол. Претходно со факели просто го “запалија“ стадионот.

По ова јасно беше дека немаше никакви услови церемонијата на прогласување да биде одржана, а интересно е тоа што претседателот на државата, Исак Херцог, мораше поради неговата безбедност да биде евакуиран.

Навистина несекојдневно, а фановите на Беитар ептен претераа со своите славење.

Ете и во Израел ова се случува, тогаш што останува за другите држави.

ФОТО: FB One.co.il

May be an image of the Western Wall and text

May be an image of 1 person, crowd and text

May be an image of crowd and text

May be an image of soccer, fire, crowd, stadium and text

ПретходноИнзаги: Се надевам дека ќе ја продолжиме мојата традиција во финалето, воопшто не се плашиме
СледноРеал Мадрид со 40 милиони фунти тргнува по ѕвездата на Ливерпул!