Хорор старт врз Миовски: Дали станува збор за тешка повреда? (ВИДЕО)

1529

Се појави и видеото од страшниот старт на фудбалерот на Ст. Мирен, Смол, врз нашиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски на вечерашниот дуел во Абердин. Во 31. минута Смол отиде жестоко на зглобот на левата нога на нашиот репрезентативец, по што доби црвен картон.

Миовски го напушти мечот на носилка, но видеото од ситуацијата најавува дека станува збор за потешка повреда. Официјалните резултати ќе се знаат по дополнителните лекарски прегледи.

ПретходноМатс Хумелс се договори со Борусија (Д), останува уште една сезона
СледноШведски тенисер “збесна“, почна да крши се околу себе па веднаш беше дисквалификуван! (ВИДЕО)