L’Equipe: Мбапе нема да ја искористи можноста да го продолжи договорот!

283

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе минатото лето потпиша нов договор со ПСЖ, кој го врзува со парискиот клуб до 2025 година. Мбапе има посебна клаузула во тој договор, која му овозможува да избере дали ќе го раскине договорот во 2024 година или ќе остане до 2025 година.

Како што пишува угледниот француски спортски весник L’Equipe, Мбапе одлучил да остане до летото 2024 година, за да ги држи отворени своите опции. ПСЖ во следните неколку години ќе претрпе промени. Меси и Нејмар речиси сигурно ќе го напуштат клубот, а останувањето на Мбапе ќе зависи од новите соиграчи кои ќе му ги донесат сопствениците на клубот, чија желба е да ја освојат Лигата на шампионите.

Катарците минатото лето му ветија на Мбапе дека ќе биде центар на нивниот проект и му даде една од највисоките плати во светот на фудбалот. Тој им возврати со добри игри. Оваа сезона постигна 40 гола на 41 натпревар, а додаде и девет асистенции. ПСЖ ќе биде шампион на Франција, но рано испадна во Лигата на шампионите, па сезоната за суперскапиот тим може да се прогласи за неуспешна.

ПретходноМакедонија ја почнува својата авантура на ЕП во ракомет на песок!
СледноНавивачите му подарија мала рибарска мрежа на дефанзивецот на Интер, пораката е јасна (ВИДЕО)