Во Реал е цела кариера, но дојде време да не одговори на новата понуда!

746

Начо најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид како слободен играч на крајот на сезоната. Тој е во првиот тим од септември 2012 година, а претходно играше за јуниорите, третата и втората екипа.

Шпанските медиуми пренесуваат дека 33-годишниот стопер добил понуда од Реал за продолжување на договорот, но дека тој не ни одговорил на тоа. Во редовите на „кралскиот“ тим биле убедени дека Начо ќе се согласи на понудата, но се чини дека е разочаран и дека би можел да замине во клуб каде што би имал поголема улога.

Станува збор за еден од најтрофејните играчи во историјата на Реал. Со мадридскиот клуб освои 23 трофеи, два повеќе имаат рекордерите Карим Бензема и Марсело.

Сезонава акумулираше речиси 2.500 минути и ги покри сите одбранбени позиции, но на клучните натпревари во сезоната во Лигата на шампионите, против Челзи и Манчестер Сити, одигра само 11 минути.

ПретходноБарселона веќе одамна е на одмор, Ваљадолид убедлив!
СледноТриминутно лудило на Бостон, Мајами без решение за Тејтум (ВИДЕО)