Неверојатно: ПМФЛ е втора лига во светот по бројот на тренерските смени!

677

Ете, и ние можеме да се пофалиме со нешто дека сме при врвот во светот на фудбалот и тоа втори.

Замислете.

Имено како што денеска објави CIES, нашата ПМФЛ се најде на второто место во светот по бројот на тренерските смени во клубовите и тоа со 90.9%. Пред нас е само елитната лига на БИХ со 91.07%.

Имено од од 11 клубови кои оваа сезона 2022/23 играа во ПМФЛ, дури десет сменија тренери а некои и во повеќе наврати.

Само Силекс го почна првенството со Горазд Михаилов и го заврши со него.

Сите останати менуваа.Image

Дека на Балканот тешко е да бидед тренер говори податокот дека и третото место и припаѓа на една балканска земја, односно Србија и нејзината Супер лига со 87.5%.

Од друга страна последно место е Првата лига на Индија, таму сезонава само во еден клуб од 12 постоечките го сменил својот тренер.

 

ПретходноЕП на плажа: Македонија поразена и од Холандија!
СледноАрсенал профитираше од казната за Јувентус!