Мајами Хит не успеа да ја заврши серијата во финалето на Истокот во првиот обид. Селтикси го добија четвртиот натпревар, славеа со 116:99 и ја намалија негативата на 3:1, обезбедија барем уште еден натпревар во Бостон, кој ќе се одигра во четврток навечер.
Мајами имаше девет поени предност во третата четвртина по што Селтикси тргнаа во серија од 18:0 во следните три минути за пресврт на натпреварот. Ќе им требаат уште многу такви периоди за пресврт во серијата.
Во историјата на НБА плејофот околу 150 екипи имале негатива од 3:0, а ниту една не успеала целосно да се врати, последен пример за ова е ЛА Лејкерс, кој бешеелиминирани од Денвер Нагетс.
Добра вест за Селтикси е што до крајот треба да победат „само“ еднаш во Мајами, а двапати пред своите навивачи.
Џејсон Тејтум со 33 поени, 11 скока и седум асистенции беше предводник на Бостон, додека кај Мајами најзабележителен беше Џими Батлер со 29 поени, девет скока и пет асистенции.