Се појави и видеото од страшниот старт на фудбалерот на Ст. Мирен, Смол, врз нашиот репрезентативен напаѓач Бојан Миовски на вечерашниот дуел во Абердин. Во 31. минута Смол отиде жестоко на зглобот на левата нога на нашиот репрезентативец, по што доби црвен картон.
Миовски го напушти мечот на носилка, но видеото од ситуацијата најавува дека станува збор за потешка повреда. Официјалните резултати ќе се знаат по дополнителните лекарски прегледи.
Foul on Miovski… pic.twitter.com/Qp2PwyJ7mL
— j 🇦🇹 (@thesheep1903) May 24, 2023