Винченцо Италиано најголем кандидат за клупата на Наполи

245

Откако стана очигледно дека Лучиано Спалети нема да го води актуелниот шампион на Италија, Наполи во иднина, секојдневно се лицитира со неговите потенцијални наследници.

Денешните вести се дека најсериозен кандидат е во моментов тренерот на Фиорентина, Винченцо Наполи кој одлично ја врши работата во Фиренца.

Тоа секако дека е и тоа како добра препорака за следниот негов голем чекор во кариерата, што секако би било преземање на актуелниот шампион на Италија.

Луис Енрике, Џулиан Нагелсман како и Џиан Пиеро Гасперини се останатите кандидати за местото, но според медиумите во Италија тие се во далеку понезавидна позиција од Италиано.

ПретходноТетекс и Осогово ќе играат во Велес, Вардар Неготино и Новаци во Кичево
СледноЃорѓиоски: Ваков аматеризам како во Грција не сум видел на друго место