Гостивар следната сезона со нови напаѓачи, си замина и Симеон Христов

3043

За тимот на Гостивар следната сезона ќе играат други напаѓачи визави годинава. По Антонио Каланоски кој постигна 25 гола, си замина и Симеон Христов. Искусниот голгетер не се договори за нова соработка со сега веќе првилигашот, па затоа наесен ќе го гледаме во друга средина.

Итересен е фактот кој треба да се напомене во оваа прилика, дека Гостивар за Симеон Христов беше шестиот клуб со кого обезбедува пласман во ПМФЛ. Што ќе рече дека тој е едноставно експерт за оваа работа што се вели.

Христов промени доста клубови во кариерата, од типот на Вардар, Тетекс, Брегалница, Пелистер, Еуромилк, Борец, МЃП…..

 

ПретходноПротив Шведска дефинитивно во Јончепинг
СледноТетекс и Осогово ќе играат во Велес, Вардар Неготино и Новаци во Кичево