Миовски: Добро што не е скршеница, но сезоната за мене заврши

781

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, синоќа на социјалните мрежи потврди дека се здоби со потешка повреда по крвничкиот старт врз него на дуелот со Ст. Мирен од шкотската Премиер лига. Гостинскиот фудбалер Смол во 31. минута жестоко стартуваше на левиот скочен зглоб на Миовски, по што нашиот интернационалец мораше да го напушти мечот на носилки.

Напаѓачот по средбата се огласи со информација дека добрата вест е што нема скршеница, но за него сезоната е завршена. Денеска тој треба да оди на дополнителни прегледи кои ќе ја дадат вистинската слика за повредата на зглобот и периодот на пауза кој ќе мора да го направи.

По се изгледа, Миовски отпаѓа од комбинациите на селекторот на нашата репрезентација Благоја Милевски за престојните квалификациски дуели со Украина и Англија.

ПретходноНавивачите на Севиља ќе го бојкотираат мечот со Реал (М)
СледноПолицијата го посети Џа Морант по чудните објави на социјалните мрежи