Мурињо: Од сите клубови во кои работев, само со Тотенхем не сум поврзан

760

Жозе Мурињо тврди дека Тотенхем е единствениот клуб во кој работел, а не чувствувал поврзаност во смисол со раководните луѓе, играчите, навивачите… Португалскиот стратег доби отказ од Тотенхем во април 2021 година по само 17 месеци на кормилото. Тоа беше непосредно пред финалето на Лига купот на Англија.
Мурињо ги предводеше Порто, Челзи, Интер, Реал Мадрид, Манчестер Јунајтед, а сега е во Рома.
Се надевам дека навивачите на Тотенхем нема да ме сфатат погрешно, но тоа е единствениот клуб во мојата кариера во кој сум работел, а да не сум поврзан“, рече Мурињо.

Не знам зошто е така, можеби поради тоа што поради коронавирусот игравме на празни трибини или што претседателот Даниел Леви не ми дозволи да го водам тимот во финале и да освојам трофеј. Во другите Порто, Челзи, Интер, Реал, Манчестер Јунајтед беше поинаку. Можеби луѓето ќе кажат, не можеш да го сакаш секој клуб, но јас велам ДА, го сакам секој клуб“, додаде Жозе.

ПретходноИниеста повторно во дресот на Барселона!?
СледноТирана направи голем кикс и ја испушти титулата, навивачите се стрчаа да го тепаат судијата