Против Шведска дефинитивно во Јончепинг

249

Конечно се одредени деталите за почетокот на У21 квалификациите на нашата репрезентација. Истите стартуваат наесен со мечот против Шведска на гостински терен, а домаќинот по многу мислење и премислување, конечно одлучи мечот кој е закажан за 8 септември да се игра во градот Јончепинг.

Првично беше решено да се игра во Малме, па домаќинот се премисли поради големата македонска дијаспора во овој град, па мечот го испрати на друго место. Исто така причниот термин од 17:00 часот е поместен за час подоцна, односно за 18:00.

Што се однесува пак до стадионот, се работи за објект со мал капацитет, но доволен за ваков вид на мечеви.

 

ПретходноРеал му нуди преддоговор на Мбапе за трансфер следното лето
СледноГостивар следната сезона со нови напаѓачи, си замина и Симеон Христов