Откако стана очигледно дека Лучиано Спалети нема да го води актуелниот шампион на Италија, Наполи во иднина, секојдневно се лицитира со неговите потенцијални наследници.
Денешните вести се дека најсериозен кандидат е во моментов тренерот на Фиорентина, Винченцо Наполи кој одлично ја врши работата во Фиренца.
Тоа секако дека е и тоа како добра препорака за следниот негов голем чекор во кариерата, што секако би било преземање на актуелниот шампион на Италија.
Луис Енрике, Џулиан Нагелсман како и Џиан Пиеро Гасперини се останатите кандидати за местото, но според медиумите во Италија тие се во далеку понезавидна позиција од Италиано.