Дунајска Стреда не го сака Фазлагиќ, и го враќа на Висла

718

Словачка Дунајска Стреда се раздели со седум фудбалери, а меѓу нив е и македонскиот интернационалец Енис Фазлагиќ. Младиот фудбалер од средниот ред и се приклучи на Дунајска стреда во август минатата година на едногодишна позајмица, но словачкиот клуб не ја активира опцијата за откуп на неговиот договор со полската Висла.

Тоа значи дека Фазлагиќ се враќа во клубот од Краков со кого е под договор до 2026 година.

Засега не се знае дали македонскиот репрезентативец кој има еден настап за Македонија ќе ја продолжи кариерата во друг клуб како позајмен или Висла ќе му даде шанса во новата сезона.

 

ПретходноЛуд гол во финалето на Купот на Србија во стилот на Артим Шаќири (видео)
СледноПСЖ по примерот на Сити – ја купува Сампдорија