Со головите на Александар Пешиќ во второто полувреме, екипата на Црвена Звезда го победи Чукарички на „Маракана“ со 2:1 и го освои Купот на Србија и со тоа ја заокружи двојната круна на „црвено-белите“ оваа сезона. Напаѓачот на Звезда постигна два гола и со тоа ја „поништи“ мајсторијата на Марко Доциќ кој во првото полувреме погоди директно од корнер.
Инаку тоа е 27. трофеј од Купот за Црвена Звезда.