Џеко и Инзаги во конфликт, Босанецот тешко дека ќе игра во Истанбул!

967

Се чини дека и покрај тоа што добро му оди на Интер во последно време, вчера го освоија Купот на Италија, а на 10 јуни ќе играат во финалето во ЛШ, сепак има проблеми. Имено не се крие дека Един Џеко и стратегот Симоне Инзаги се во конфликкт.

Причината била гневот кај Џеко дека бил заменет со Инзаги во вчерашното финале во Купот. Откако Босанецот излезе од терен и натаму имаше вербална расправија со својот тренер а претходно одби да се пзодрави со него.

Инаку синоќа тимот на Интер го освои првиот трофеј сезонава, а тоа е пехарот во Купот на Италија. Во Рим, на стадионот Олимпико совладана е Фиорентина со конечни 2:1.

Со тоа, Интер го доби првото од двете финалиња кои ќе ги игра во финишот на сезоната. Едното е во Купот, а другото е она далеку поважното во Лигата на Шампионите против Манчестер Сити во Истанбул.

„Среќен сум бидејќи го освоивме пехарот, сакавме да го продолжиме тоа што го правевме минатата сезона. Фиорентина е квалитетен тим кој ни зададе многу проблеми. Лошо го започнавме натпреварот, со погрешен став, што е реткост за нас. Но, момците успеаја да останат во игра и да ги свртат работите во наша корист. Сега ни остануваат уште два натпревари во Серија А, а потоа и финалето во Истанбул. Тоа беше одлична сезона за нас и се надевам дека ќе продолжиме вака до самиот почеток крај“, рече Инзаги.

ПретходноТрансферот на Камада во Милан може да пропадне поради фудбалер на Челзи
СледноНовата НБА сензација со високи амбиции: Ќе ги победиме САД на ЛОИ во Париз!