Иниеста повторно во дресот на Барселона!?

849

Андрес Иниеста по пет годишен престој одлучи да си замине од Кобе, тим од елитната лига на Јапонија. Тој допрва треба да го каже името на својот клуб, каде ќе ја продолжи својата кариера иако има 39 години.

Интересно е тоа што Иниеста има шанси повторно да го облече дресот на својата сакана Барселона, со која освои се што можеше да се освои.

Имено се планира пријателски натпревар меѓу Кобе и Барселона и тој би играл по едно полувреме за двата клуба.

Интересно, ете затоа Иниеста повторно може да заигра за Барса, па макар на еден пријателски натпревар.

ПретходноУрнебесно: Автоголот на годината ни доаѓа од Литванија! (ВИДЕО)
СледноМурињо: Од сите клубови во кои работев, само со Тотенхем не сум поврзан