Миленкоски ги одбра патниците за Лоѓ, во Скопје остануваат Андонов и Ричлиев

691

Македонската сениорска одбојкарска репрезентација во машка конкуренција утре наутро заминува за Полска каде в сабота во градот Лоѓ ќе почне со настапи во рамките на новото издание на Европската Златна лига. Селекторот Миленкоски денеска ќе го одржи и последниот тренинг во Скопје пред заминување, а во Лоѓ репрезентацијата ќе има уште два тренинга пред саботниот дуел со Украинците (19 ч.).

„Сега сме веќе и во фаза на детална анализа на противникот. Имаме тренинзи, но имаме и видео-анализи. Одиме на натпревар против една од најдобрите светски репрезентации. Според информациите, Украинците ќе бидат комплетни со својот најдобар тим. Беа седмопласирани на последното СП, играа четвртфинале и јасно е дека станува збор за слеекција од светскиот одбојкарски врв. И тие како и останатите учесници во оваа Златна лига имаат за цел да се борат за пласман во Светската лига. Ние одиме добро подготвени и секако ќе си ја бараме нашата шанса“, вели селекторот Јошко Миленкоски.

Од 16-те имиња кои тренираа во последната фаза од подготовките во Скопје за Лоѓ нема да патуваат блокерот Иван Андонов и либерото Костадин Ричлиев. Финалниот список на 14 имиња кои патуваат на првиот меч со Украина е следниот:

ТЕХНИЧАРИ: Филип Деспотовски и Ѓорѓи Ѓорѓиев

КОРЕКТОРИ: Никола Ѓорѓиев

ПРИМАЧИ: Александар Љафтов, Владо Милев, Стојан Илиев, Лука Костиќ, Ангел Бошков

СРЕДНИ БЛОКЕРИ: Филип Маџунков, Филип Савовски, Филип Лепидовски, Славе Наков

ЛИБЕРО: Дарко Ангеловски, Васе Михаилов

ПретходноНеверојатна кариера: Љуљ синоќа го одигра 1000-тиот натпревар во дресот на Реал!
СледноИ да игра во финалето, Мајами не може да смета на Тајлер Хиро