Француската кошаркарска сензација, Виктор Вембањама, кој се очекува да биде прв пик на НБА драфтот оваа година, веќе почна да ги полни страниците на американскиот печат. Во едно од последните интрвјуа, младиот 19-годишен кошаркар отворено изјави дека сака со Франција да го освои златото на престојните Летни Олимписки Игри во париз 2024 година.
„Знаете дека Олимписките игри ќе се одржат во Париз во 2024 година. Не може да има подобар момент за мене да ја освојам првата титула со Франција. Мојата цел е да го победам тимот на САД во финалето“, вели Вембањама.
Во април 19-годишниот Французин официјално ја објави својата кандидатура за драфтот во НБА. Тој се смета за главен кандидат за прв пик, а правото на зибор го има Сан Антонио кој најверојатно ќе биде негов прв тим во најсилната светска кошаркарска лига.