Денеска во просториите на Фудбалската федерација на Македонија, со ждрепка беа одредени и двојните за баражи те за пласман во Втора македонска фудбалска лига следната сезона. Според утврдениот распоред, еве ги двојките за бараж-пресметките:
Тетекс – Осогово
Башкими – Влазрими
Вардар (Н) – Новаци
Мечевите се играат во недела 28 мај (17 ч.), а ФФМ најави дека местата на одигрување ќе бидат дополнително одредени.