Бекот на Мемфис Гризлис, Џа Морант, кој е една од најголемите млади ѕвезди во НБА лигата, повторно имаше работа со полицијата. Во текот на оваа година кошаркарот беше повеќе во центарот на медиумското внимание од некошаркарски причини, откако двапати објави видео на интернет на кое се гледа како држи пиштол, поради што прво беше казнет од лигата, а вториотпат тимот го суспендираше на неодредено време.
Во последната негова објава, навивачите беа загрижени од чудната порака со која тој се простува со своето семејство: „Те сакам мамо“, „Те сакам брат“, „Ти си најдобрата девојка, те сакам“.
На крајот на објавата тој имаше и натпис на кој пишува „Збогум“, што преплаши многумина, па полицијата решила да го посети. Припадниците на полицијата го посетиле Морант за да утврдат дали е се е во ред со него, а потоа официјално објавиле дека кошаркарот им рекол дека едноставно сака да се одмори од социјалните мрежи.
Hope everything is okay with Ja Morant 🙏
(h/t @donnymonarch ) pic.twitter.com/iNjrKPWWaT
— NBACentral (@TheNBACentral) May 24, 2023