Ракометарките поразени и од домаќинот

145

На европскиот шампионат на одбојка на плажа, женската репрезентација на Македонија денеска го забележа третиот пораз во групната фаза. Домаќинот Португалија беше пресилен за нас, во дуелот во кој загубивме до 2:0.

Исто како и на претходните натпревари, Македонија беше подобра во вториот сет, а мечот го загуби во првиот. Противникот го доби со 20-12, додека во следниот нашите девојки беа многу порамноправен противник, па сетот го загубија со 17-14.

Во редовите на Македонија во листата на стрелци се запишаа Ивана Божиновска со пет гола, Диневска со три, Маркоска и Јанкулосвка со два и Ана Марија Божиновска со еден гол.

Со ова нашиот национален тим со три порази ги заврши активностите во групната фаза, а сега ќе играме за разигрување и конечно место на овој континентален шампионат.

ПретходноЃорѓиоски: Ваков аматеризам како во Грција не сум видел на друго место
СледноТрансферот на Камада во Милан може да пропадне поради фудбалер на Челзи