Реал му нуди преддоговор на Мбапе за трансфер следното лето

424

Откако вчера стана јасно дека 24-годишниот ас на ПСЖ, Килијан Мбапе, не сака да го продолжи договорот со францускиот шампион кој истекува летото 2024 година, повторно се вратија озборувањата за негово заминување во Реал (М).

Мбапе имаше опција да ја продолжи соработката со „светците“ до летото 2025 година, но очигледно тоа нема да се случи. Сега е јасно дека Пари Сен Жермен ќе мора да го продаде Мбапе доколку сака да добие некоја сума како обештетување, затоа што во спротивно во 2024 година брзоногиот напаѓач ќе може да си замине како слободен фудбалер.

Шпанскиот дневен весник „АС“ пишува дека Реал е заинтересиран за Мбапе, но нема да ризикува со астрономски трансфер. Тие го информирале неговиот агент дека ќе го чекаат Французинот уште една сезона и како слободен играч ќе му понудат добра плата за договор со нив.

Постои и можност Мбапе да потпише преддоговор со „кралскиот клуб“, за да се избегнат непријатни изненадувања.

ПретходноОдредени двојките за баражите за пополнување на ВМФЛ
СледноПротив Шведска дефинитивно во Јончепинг