Тетекс и Осогово ќе играат во Велес, Вардар Неготино и Новаци во Кичево

2730

Откако денеска претпладне беше извршена ждрепката за бараж дуелите за пласман/опстанок во ВМФЛ шампионатот, од ФФМ предмалку ги објавија и деталите околу одигрувањето на овие мечеви.

Па така, познато е дека дуелот Тетекс – Осогово се игра во Велес, дуелот Башкими – Влазрими се игра на Гратскиот стадион во Тетово, додека Вардар Неготино и Новаци ќе играат во Кичево.

Тетекс – Осогово (Градски стадион, Велес)

Башкими – Влазрими (Градски стадион, Тетово)

Вардар Неготино – Новаци (Градски стадион, Кичево)

28. Мај (недела), 17:00 часот

ПретходноГостивар следната сезона со нови напаѓачи, си замина и Симеон Христов
СледноВинченцо Италиано најголем кандидат за клупата на Наполи